Еден од најсериозните кандидати за освојување на златен медал на Мундобаскетот во Кина, селекцијата на Србија е елиминирана во четвртфиналето откако денеска загуби од Аргентина со 97:87.

Ниту водството во првата четвртина на Аргентинците, не беше доволна опомена за Србија, а селекцијата од Јужна Америка само ја зголемуваше предноста, и на полувреме замина со пет разлика.

Србија се врати во третиот период, и го доби во своја корист, намалувајќи на -1. Сепак, во четвртата четвртина Аргентина успеа да ја добие со девет разлика, и да ја однесе победата, и пласманот во 1/2 финалето.

Србите немаа одговор за Луис Скола кој постигна 20 поени, а Кампацо постигна 18. Кај Србија не беа доволни 21 поен на Богдан Богдановиќ, кој го понесе епитетот најефикасен на средбата.

Се чини дека еден од клучот за поразот беше катастрофалниот биланс во шутот за три поени кој што кај Србите беше само 29%, односно осум погодени од 28 обиди.