Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им честиташе на фудбалерите за успешните настапи со Израел и со Летонија.

„Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи со Израел и Летонија. Уживаме во убави фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите што препознаваат „срце на терен“ во овој тим“, изјави Сејдини.