Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва застана во одбрана на својот сонародник и соиграч, Нејмар.

По сите перипетија кои се случија во трансфер периодот, неуспешното враќање во Барса и фактот дека ќе остане уште една сезона во Париз, дефанзивецот имаше свој коментар.

„Нејмар знае дека згреши, но немаше лоша намера. Тој е неверојатен. Се надевам дека ќе имам одлична сезона. Тоа исто така ќе биде незаборавно, затоа што ПСЖ ја слави својата 50-годишнина. Тухел од секогаш сметал на него. Беше подготвен да заигра и на последниот натпревар со Мец, но поради ситуацијата со трансферот, тоа не се случи… И управата на ПСЖ верува во Нејмар, инаку ќе го пуштеја да замине“, изјави Тјаго Силва.