Иако по поразот во Ерменија во неделата, Просинечки реши да ја напушти клупата на селекцијата на БиХ, само два дена подоцна се премисли.

Како што објавија денеска босанските весници, тој сепак, ќе остане на позицијата прв кормилар на босанскиот национален тим.

“На крајот, заради сите луѓе и поддршката, решив да се премислам, што е многу тешко. Не беше лесно, затоа што кога ќе одлучам нешто, се обидувам да останам на тој став. Понекогаш се менуваат и тие работи, а сега одлучив да ја променам оваа одлука. Најлесен начин е да избегам и да кажам дека е готово. Одлучив да останам до крајот и се надевам дека ова може да се промени“, изјавил Просинечки на прес-конференцијата во Сараево.