Во рамките од натпреварувањето Лига на Нации во Северна Америка, Канада ја „торпердираше“ Куба со убедливи 6:0. Меѓутоа тоа не е приказната на денот. Туку дека петмина играчи од селекцијата на Куба, одбиле да се вратат во својата татковина.

Капитенот Јордан Санта Круз, потоа Енди Бакеро, Давир Ургелес, Орлендиз Бенитез и Алехандро Портал одбиле да се вратат во својата земја. Се решиле да останат во Канада.

Уште на самиот натпревар медиумите објавиле дека Ургелес и Бенитез го напуштиле тимот и побегнале, а потоа е објавено дека по завршувањето на натпреварот уште три играчи го направиле истиот чекор.

Канадските медиуми објавија дека бројката на кубански фудбалери кои го направиле истото се искачи на 44 во последните 17 години.

Еден таков пример е Освалдо Алонсо кој и натаму игра во Канада во тимот на Минесота Јунајтед.