Едно младо момче било случајно на одмор во Летонија, не знаејќи дека Горан Пандев и македонската репрезентација во Рига ќе играат натпревар. Тој го препознал Пандев за време на прошетката низ Рига, побарал да се фотографира со него, на крајот му побарал и билет за натпреварот, со што Пандев му излегол во пресрет.

„Вие сте на одмор во Летонија и случајно го среќавате Горан Пандев. Го прашувате за фотографија и потоа се обидувате да го прашате за билет за натпреварот Летонија – Македонија важечки за квалификациите за ЕУРО 2020. И тоа Горан Пандев ви го овозможува“, напиша навивачот.