Капитенот на Вардар и кружниот напаѓач на националниот ракометен тим, Стојанче Стоилов одвои од своите простор и време за да им се посвети на најмалите фанови и беше гостин во снимањето на новите емисии на „Дајте музика“.

Стоилов, кој во моментов се рехабилитира од операцијата на коленото и е надвор од теренот е миленик на децата, па затоа и неговото учество во емисијата беше оригинално.