Репрезентативната пауза завршува денеска, а од утре одново на сцена стапуваат клупските обврски меѓу кои распоредот за Барселона делува „лудо“. Каталонскиот гигант за три недели треба да одигра седум натпревари, а ниту еден од ни не е лесна задача.

В недела на Камп Ноу ја пречекуваат Валенсија, потоа Барселона и гостува на Гранада, па им следи мечот со Виљареал. До крајот на месецот во шпанската лига ги чека незгодно гостување кај Гетафе и меч со Севиља.

Исто така ги очекува и стартот на групната фаза од Лигата на шампионите кога на 17 септември на домашен терен се среќаваат со Борусија Дортмунд, а веќе на 2 октомври играат против Интер.

Ернесто Валверде во моментов има многу проблеми со оглед на тоа дека Меси, Суарез и Фирпо се на списокот на повредени, а и Нелсон Семедо заработи повреда на квалификацискиот меч меѓу Србија и Португалија.