Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид, деновиве за медиумите во Шпанија даде своја анализа за тоа што се случуваше во летниот преоден рок. Кажа дека Азар е донесен зошто во моментов е најдобриот напаѓач во светот. За Пол Погба напомена дека Манчестер Јунајтед не сакал да го пушти а за Нејмар не сакаше да влегува во детали.
Секако дека не заборави да спомене и за плановите на летниот преоден рок во 2020 година. Прва цел била ангажманот на Килијан Мбапе, мега – ѕвездата на ПСЖ. Според медиумите во Шпанија, Перез имал намера следниот јуни – јули да издвои неверојатни 300 милиони евра како би купил францускиот напаѓач. Секако дека ако тоа се оствари, тогаш тоа ќе биде нов светски рекорд.