Ацо Стојков, некогашниот член на Интер потпиша за Осогово и ќе го предводи нападот на второлигашот од Кочани. Синоќа на „Никола Мантов“ одекна трансфер „бомба“ а утринава таа беше потврдена.

Ацо Стојков, навремето еден од нашите најталентирани фудбалери, член на репрезентацијата и фудбалер на повеќе наши клубови, исполнет со преголемо интернационапно искуство, во следниот период ќе му помогне на Осогово во битката за што подобар пласман во Втората лига – Исток.