Стоперот Агон Елези, нашиот младински репрезентативец е нов член на Скендербег. Тој утринава беше и официјално промовиран од страна на еден од најголемите клубови во Албанија. Инаку Елези потекнува од школата на Шкупи, потоа беше член на младинската екипа на Каен од Франција, една сезона играше за нашиот второлигаш Влазерими од Кичево за од денеска и официјално е ново име во редовите на Скендербег.