Попладнево на стадионот на ФФМ, висока, убедлива и рекордна  победа на нашите надежи на стартот од квалификациите за пласман на ЕВРО 2021. У-21 Македонија со 7:1 ја победи Ф. Острови. Досега рекордот беше 6:1 во меч против Гибралтар. Убава игра, доминантна, во текот на целиот меч. Посебно се истакнаа Митровски и Чурлинов, очигледно е дека тие двајца се носители на оваа генерација на млади репрезентативци од кои се очекува многу во наредниот период.

Сепак гостите од Ф. Острови први дојдоа во водство со голот на Андреасон од пенал во 19.минута, откако Руфати играше со рака. Следуваше налет на нашите момци,веројатно гневни по водството на гостите тргнаа во напад, и до крајот на првиот дел следуваа головите на Митровски во 26.и 45+1, а убав гол постигна и Чурлинов. Со тие 3:1 се замина на пауза.

ГОЛОВИ СО ГЛАВА, КАКВИ „НОЖИЧКИ“ НА МИТРОВСКИ…

Во вториот дел апсолутна доминација на нашите момци. Шанси, голови, и тоа со глава и тоа на Даци во 59. и на Личина во 62.минута. Сепак треба да се спомене велемајсторскиот потег на Митровски во 78.минута кога со „ножички“ шутираше под пречката, но гостинскиот голман со прекрасна одбрана ја спаси својата мрежа повторно да не се затресе. Но затоа во 85.минута погоди со глава за 6:1. Хетрик за нашиот најдобар поединец попладнево. И тоа не беше се, Чурлинов уше еднаш стрелаше за конечни 7:1. 

МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 7:1 (3:1)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Џејсон Барсело (Гибралтар). Стрелци: Митровски 26., 45+2., 85., Чурлинов 32., 88., Даци 59., Личина 62. (МАК), Андреасон (п) 19. (Ф.ОСТ). Ж. Картони: Петерсон, Андреасон (Ф. ОСТ). 

МАКЕДОНИЈА У-21: Јанков, Антовски (46. Јованов), Тодороски (69. Трапаноски), Руфати, Личина, Ристовски (84. Крстовски), Атанасов, Чурлинов , Здравковски, Даци (69. Абаз), Митровски.

Ф. ОСТРОВИ У-21: Закхариасен, Олсен, Никласен, Петерсен, Андреасон (87. Андреасон), Микелсен, Гиесинг, Самуелсон (68. Јакобсен), Петерсен (68. Радосављевиќ), Агнарсон (68. Кнудсен), Јохансен.