Во минатите квалификации Тихо Костадинов на првиот меч постигна хет – трик, во овој пак маестралниот Димитар Митровски. Ова момче одигра велемајсторски, факт е дека Ф. Острови не е екипа со којзнае каков квалитет, сепак не е лесно да се дадат три голови на еден натпревар.

„Среќен што победивме, што овој нов квалификациски циклус го почнавме со победа, и повеќе од успешно. Секако дека сум пресреќен што постигнав хет-трик. Сепак не започна средбата најдобро за нас, по еден наш кикс примивме гол, но после се вративме, и тоа е добро за нас. Доаѓаат подобри денови се надевам овојпат ќе биде подобро. Треба да бидеме уште поагресивни, да не дозволуваме такви киксови“ изјави за СПОРТМЕДИА тројниот стрелец Митровски.