Поранешниот кошаркарски суперстар Мајкл Џордан најави дека ќе донира дури еден милион долари за жртвите од ураганот Доријан на Бахамите. Веста беше потврдена преку социјалните медиуми од неговите претставници за односи со јавност.

„Јас сум целосно уништен. Поседувам имот таму и често сум на островот. Ова што се случи е трагедија од невидени размери“, реком меѓу другото шесткратниот НБА шампион.

Џордан најави дека внимателно ќе ја следи ситуацијата и ќе одлучи каде треба да се наменат средствата од неговата донација, за да бидат најефективно искористени вое лиминирање на штетите.