Француски Ле Паризиен пишува дека Михаел Шумахер во понеделникот од Женева бил пренесен во болница во Париз на таен третман.

Легендарниот Ф1 возач со амбулантно возило со женевски регистарски таблички бил пренесен на кардиоваскуларната клиника во француската престолнина. Неговата носилка била покриена со темносина боја за да го скријат лицето и телото, а бил обезбедуван од десетина лица се со цел неговиот идентитет да остане во тајност.

За здравјето на Шумахер има оскудни информации по тешката несреќа во 2013 година кога падна на скијање во Марбел и ја повреди главата.