Новинарот на Њујорк Тајмс, Кристофер Клири, вели дека повредата на рамото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не изгледа добро и тој најверојатно ќе мора да оди на операција.

„Имам информации дека рамото на Ѓоковиќ е доста проблематично и може да бара повеќе од само малку одмор“, вели Клири во својот текстот, алудирајќи на фактот дека најдобриот тенисер на светот би можел да замине на хируршка интервенција.

Официјалниот распоред на Новак вели дека следниот турнир за него е оној во Токио од серијата 500, а потоа и Местерсите во Шангај и Париз. Останува да се види дали повредата ќему дозволи настап на сите планирани турнири.