Без изненадување мина последната четвртфинална пресметка на Светското првенство. Чешка не успеа да ја совлада Австралија, па во полуфиналето ќе одат „кенгурите“ откако славеа со 82-70 и тоа благодарение на одличната трета четвртина која ја добија со 30-18.

Австралијанците ја комплетираа листата на патниците, во битката за место во финалето на Мундијалот за противник ќе ја имаат селекцијата на Шпанија која и натаму е без пораз на ова првенство.

Инаку оваа земја за првпат во својата историја ќе игра во едно полуфинале, на другата страна Чешка против Полска ќе се сретне во дуелот за петото место.

Пети Милс со 24 поени и 6 скока беше лидер, на другата страна Ауда имаше 21 поен.