Иако има само неполни 17 години, иако има одиграно само два меча во дресот на Барселона, Ансу Фати од денеска на „Трансфермаркт“ вреди цели 25 милиони евра.

Мега – талентот кој потекнува од Гвинеја Бисао е новиот бисер на Барса, на „Ла Масија“. Тој има договор со каталонците до 2022 година и се разбира откупна клаузула од 100 милиони евра. Пред да дојде во Барса, Ансу Фати имл отворена понуда и од Реал Мадрид, но сепак го одбрал каталонскиот гигант.