Кевин Принс Боатенг ќе беше подобар фудбалер доколку не водеше неспортски живот, и не сакаше често да излегува. Тој призна дека не одел во вежбалница поради оа што го мрзело. Еднаш призна дека додека бил дел од Тотенхем, во еден ден купил три автомобили.

„Бев идиот, воопшто не го искористив талентот кој го поседував. Често доцнев на тренинзи, не одев во вежбалница, ме мрзеше. Фудбалот не го третирав како работа, туку како забава. Повеќе излегував со другарите, одошто да тренирам. Кога бев во Тотенхем во еден ден купив три автомобили: Ламбургини, Хамер и Кадилак. Тоа носи среќа, ама само краткорочно. Многу брзо сфаќате дека тоа е само обична работа, проблемите не се решени. Кога имав проблеми дома, купував луксузни работи, а потоа сфатив дека тоа е погрешно. Ех, колку бев глупав. Затоа на младите ги советувам: Не можете да ја купите среќата, верувајте“, рече сегашниот фудбалер на Фиорентина.