Вардар го одработи последниот тренинг во Скопје пред дуелот со Монпеље. Европскиот првак утре рано наутро го почнува походот кон одбраната на титулата, прво станица е токму Франција, местото каде ја отвори минатата бајковита сезона.

Давид Писонеро и неговите момци ќе имаат доволно време да се одморат и да се аклиматизираат. „Црвено-црните“ од Скопје преку Истанбул авионски ќе слетаат во Марсеј од каде со автобус пристигнат во Монпеље околу 19 часот. За истио ден е закажан и тренинг.

На оваа средба шпанскиот стратег нема да смета на услугите на капитенот Стојанче Стоилов и Де Толедо, останатите момци ќе му бидат на располагање.

Натпреварот меѓу Монпеље и Вардар се игра во сабота со почеток 17:15 часот.