Изненадувачка тренерска смена во Шпанија. Валенсија остана без тренер во пресрет на големиот меч со Барселона претстојниот викенд во рамките на Ла Лига. Според шпанските медиуми решението е лично на газдата Питер Лим поради конфликт меѓу нив, поточно мешање на сопственикот на клубот во спортско-техничкиот дел во клубот.

Марселињо не бил задоволен од потезите на Лим, а првиот човек на клубот не толерира „мрчатори“ па на тренерот му го покажал излезот од „Местаља“. Марселињо седна на клупата на Валенсија во 2017 година, откако двапати по ред го однесе тимот во Лигата на шампионите, а минатата сезона триумфираше во Купот на кралот.

Новиот тренер на Валенсија е поранешниот селектор на младинската репрезентација на Шпанија Алберт Селадес. Договорот на Шпанецот е на две сезони или поточно до летото 2021 година.

Оваа сезона „лилјаците“ имаат победа, реми и пораз во Ла Лига.