Тренерот на Наполи Карло Анчелоти повеќе сакал во екипата да го има шпанскиот ветеран Фернандо Љоренте отколку аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, вели првиот човек на клубот од Неапол Аурелио де Лаурентис. Наполи се обиде да го наговори Икарди да дојде на „Сан Паоло“ но не успеа, а играчот прејде во ПСЖ, па потоа во Неапол како слободен играч дојде Љоренте.

„На Интер му предложив 60 милиони евра плус уште 5 милиони евра бонуси за Икарди. На Ванда Нара и предложив 12 милиони евра годишна плата на сопругот. Но Икарди не е глупав, можеби сфати дека за да се врати себе си на високо ниво му е потребно да оди во клуб како ПСЖ, каде може да се истакне подобро отколку во Наполи“, изјави Де Лаурентис.

 

„Љоренте не беше моја идеја, туку на Анчелоти. Секако јас го сакав Икарди, но од самиот старт на преодниот рок тренерот го сакаше Љоренте. Тој беше убеден дека имаме многу напаѓачи и дека ни е потребен само шампион, кој може да ги одигра последните 30 минути од натпреварите, кои треба да се крши резултатот. А го имаме и Милик. Не смееме да го заборавиме ова момче кој за жал во последните две сезони имаше неколку повреди и не можеше да го искаже својот потенцијал. Во првата сезона беше супер – даде 20 гола и ниту еднаш не шутираше пенал. Да шутираше и пенали ќе беше најдобар стрелец во Серија А. Ги имаме и Мертенс и Каљехон. Одлични момци. Се надевам дека ќе ги продолжат договорите“, вели првиот човек на Наполи.