Со Владислав Остроушко во составот Еурофарм Работник ќе ги доработи последните тренинзи пред историскиот настап во Лигата на шампионите. По само два месеци во Романија, левиот бек се врати во Битола, за него добро позната средина.

Остроушко дресот на македонскиот првак го носеше минатата сезона, па токму затоа без двоумење и двете страни се договорија на нова соработка.

Битолчани во првото коло од ЛШ на домашен терен го пречекуваат Спортинг, мечот се игра во недела.