Јужноамериканскиот шампион Бразил го запиша првиот пораз по серија од 17 одиграни средби од четвртфиналето на светското првенство во 2018 во Русија. Синоќа „кариоките“ загубија на контролен меч од Перу со 1:0 одигран во Лос Анџелес.

Бразилците тешко успеваа да се заканат на голот на Перу, а дури и влегувањето на нивната ѕвезда Нејмар не промени многу работи во играта, а особено не во резултатот. Перу, пак, покажа одлична дисциплина и ја чекаше својата шанса да му нанесе удар на големиот ривал. Единствениот гол стигна во 85. минута кога Луис Абрам погоди за водство и победа.