Франческо Тоти ја започна и својата актерска кариера. Имено, откако си замина од раководните органи на Рома, иконата на „римската волчица“ ја прифати поканата да се појави во едн интересна тв-серија која е пародија на драмата на Вилијам Шекспир, „Ромео и Јулија“.

42-годишниот Тоти ја игра улогата на Сан Пупоне, а за многумина не е изненадување ова негово ново хоби. Тој и досега беше многу активен во снимање реклами, како и учество во низа ток-шоу програми на италијанските телевизии.