Шпанскиот ветеран Рафаел Надал неодамна го освои УС Опен што беше негова 19-та Гренд слем титула во кариерата, а во интервју откри како се чувствувал за време на турнирот и пред финалето против рускиот тенисер Данил Медведев. Шпанскиот тенисер во трилер меч кој траеше речиси пет часа го победи Русинот во финалето во Њујорк.
Најважно од се е одморот. Да се направи план на работа и да се комбинира со одмор“, откри Рафа кој се обидувал да се апстрахира од тенисот во најтешките моменти со гледањето на телевизиски серии.

Си лежев дома си гледав серии и се обидував да не мислам на тенисот. Почнав со „Chernobyl“, а потоа и со „Stranger Things“… Гледав и нешто друго што не можам да се сетам“, вели Рафа кој потврди дека таа релаксација многу му помогнала да биде одличен на натпреварите на УС Опен и да стигне до титулата.
Chernobyl“ е најпопуларна тв-серија за 2019 година која ја раскажува една верзија од хаваријата на нуклеарната централа во Чернобил, а „Stranger Things“ е мешавина од мистерија и научна фантастика сместена во 80-тите години и главни актери се група на деца кои се борат против вонземски суштества.