Како што дознаваме, ниту Томислав Стипиќ ниту пак Илир Даја деновиве ќе седнат на „жешката“ клупа на шампионот Шкендија. И со двајцата во изминатите два-три дена се водени интензивни разговори и преговори, но не се успеало да се дојде до конечен договор. Со Хрватот, кој инаку е екс страгет на Грасхоперс, и кој беше во Скопје во изминатите два дена кога беа водени разговорите, проблемот бил од финансиски аспект. Се било во ред, и клубот, и амбициите, неговите тренерски квалитети не биле спорни, но проблемот настанал околу неговите финансиски услови кои, како што велат нашите информации, и за Шкендија биле преголеми.

Од друга страна пак со Илир Даја е преговарано покрај Охридското езеро, голема била желбата од двете страни за соработка. Имено Даја важи за еден од најдобрите сратези во Албанија, моментално е стратег на Скендербег и тука настанал проблемот. Повеќекратниот шампион на Албанија нејќел да чуе да го пушти Илир Даја во Тетово. Нешто слично како со Бруно Акраповиќ кој има цврст договор со Локо Пловдив. Ова значи дека на саботниот меч со Работнички, екипата на Шкендија ќе ја води В.Д тренерот Ерхан Селими.