Вечерва во Манчестер се одигра проштален натпревар на Венсан Компани кој по 11 години служба го напушти „Етихад“ и се врати во Белгија со тоа што стана играч и тренер на Андерлехт. Вечерва се пресметаа „Легендите на Манчестер Сити“ и „Ол-стар тимот на Премиер лигата“ (мечот заврши 2:2), но самиот Компани, иако го организираше натпреварот, не играше.

За мене ова е прослава, шанса да се простам од Сити. Јас не можам да играм поради повреда што е типично за мене… Но и не морам да бидам на теренот. Овој меч е со повод организиран односно има хуманитарен карактер“, изјави Компани.

Овој меч има и хуманитарен карактер и собраните пари ќе одат на сметката на фондацијата за помош на бездомниците, кој ја формира Компани со помош на градоначалникот на Манчестер.

Пред натпреварот Компани го посети и тренинг центарот на А тимот кој во иднина ќе го носи неговото име, а од Сити најавија и статуа на белгискиот фудбалер пред стадионот „Етихад“.

ЗА ЛЕГЕНДИТЕ НА СИТИ ИГРАА:

Харт, Забалета, Туре, Лескот, Де Јонг, Насри, Ајрелнд, Силва, Рајт-Филипс, Агуеро, Петров, Ричард Дан, Ричардс, Хаман, Милнер, Белами, Балотели…

ЗА ОЛ-СТАР ТИМОТ НА ПЛ ИГРАА:

Ван дер Сар, Карагер, Карик, Ешли Кол, Артета, Бат, Сколс, Гигс, Роби Кин, Ван Перси, Фабрегас, Браун, О’Ши, Фил и Гери Невил…