Актуелниот тренер на Интер Антонио Конте има највисока плата во Серија А дури повеќе од тренерите на Јувентус и Наполи Маурицио Сари и Карло Анчелоти, пишува „Газета дело Спорт“. Конте не само што е нов клупски рекордер со 11 милиони евра годишна плата, туку и апсолутен рекордер во најсилната италијанска лига, а го надмина претходниот рекорд на Жозе Мурињо од 9 милиони евра на година.

Во моментов платата на Конте е двојно повеќе од вториот на листата Маурицио Сари од Јувентус, а трет е Карло Анчелоти со годишна плата од 5 милиони евра.

Следуваат Пауло Фонсека од Рома и Синиша Михајловиќ од Болоња со по 3 милиони евра плата на годишно ниво.

Џан Пјеро Гасперини кој ја предводеше Аталанта до историскиот пласман во ЛШ заработува по 2,5 милиони евра на година, а Симоне Инзаги од Лацио добива 2 милиони евра исто колку и Марко Џампаоло од Милан.

Најслабо платен е Игор Тудор, стратегот на Удинезе, кој според договорот добива 500.000 евра на годишно ниво плус бонуси. Веднаш пред него е Иван Јуриќ од Верона со заработка од 600.000 евра.