Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров вечерва (20:45 часот) ќе го предводи Нант во походот кон Париз, во првиот дуел сезонава со францускиот првак ПСЖ и Раул Гонзалез.

Двата тима имаа победничко отворање на францускиот шампионат и ќе биде интересно да се види каква ќе биде денешната пресметка.

Секако со Карабатиќ, Хансен, Сагосен, Сигурдсон, Жерард, Сипжак… во составот ПСЖ е фаворит на хартија, но Нант предводен од Лазаров исто така е опасен, иако ланската година не беше на нивото од претходната кога дојде до позиција на европски вицепрвак.

ПСЖ ланската сезона немаше пораз на домашен терен, а и во петте меѓусебни дуели со Нант излезе како победник, па сигурно дека гостите ќе имаат тешка задача, но го имаат и нашиот десен бек како главно оружје, кој се уште е „страв и трепет“ во Европа.