Откако се врати во Копенхаген, целиот дански град е „луд“ за „лордот“ Никлас Бендтнер. Данскиот шпиц потпиша за тимот каде што играше пред 15 години, и веднаш клубот ги продаде сите дресови со неговото име.

Но тоа не беше се. Твитерот и Фејсбукот на клубот нагло пораснале со посети и лајкови, и се претпоставува дека тоа е поради Бендтнер.

Меѓутоа за лудилото да не престане е потегот кој Копенхаген го направил пред неколку дена. Тимот играл пријателски меч со нисколигаш на тренинг центарот кој собира околу 1.000 гледачи. Меѓутоа се најавиле дека ќе дојдат преку таа бројка токму поради Бентднер, и Копенхаген бил приморан да го игра мечот без публика, односно да им забрани на навивачите да дојдат на мечот.