Денеска на „Меѓународното мото шоу“ во Франкфурт, компанијата Мерцедес го претстави својот прв електричен болид „EQ Silver Arrow 01“ кој ќе се најде на патеките од Формула Е шампионатот. Новата „сребрена стрела“ на Мерцедес има електричен мотор од 250 KW, максимална брзина од 240 км/ч, а развива од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди.

Новиот болид ќе го возат Штофел Вандорн и Ник де Вриес во Формула Е шампионатот кој почнува на 22 ноември во Саудиска Арабија.