Сите прогнози одеа до таму дека Србија и САД ќе играат во полуфиналето на Мундобаскетот во Кина и дека еден од нив ќе влезе во финалниот меч, но Аргентина односно Франција имаа други планови.

Така Србија испадна вчера, САД денеска, а овие две селекции ќе го одиграат очекуваниот меч. Ама за пласман на 5. место на Мундијалот.

Што значи дека ќе имаме можност да го гледаме овој дуел кој е интересен до многу аспекти. Пред се поради тоа што беа главни фаворити за златото, но ниту едните ниту другите нема да го видат на нивните гради.

Дуелот ќе се игра утре во 13 часот.