Првиот противник на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите, Монпеље забележа пораз пред саботниот дуел со македонскиот првак.

На гостувањето кај Ник беше совладан со минимални 25-24 (12-10) и покрај доброто издание на Марин Шего, кој запиша 16 интервенции. Ова беше натпревар кој го решија голманите, во таборот на домашниот тим Реми Десбоне запиша 19 одбрани.

Прв стрелец кај Монпеље беше Јанис Лене со четири гола.

Натпреварот меѓу францускиот тим и Вардар се игра во сабота со почеток во 17:15 часот.