Светот ќе добие нов кошаркарски владетел откако САД нема да може да го бранат златото освоено на последните две Светски првенства. Денеска се случи нова сензација, откако Франција се надмина себе си и успеа да ги елиминира Американците со резултат 89:79.

И покрај тоа што беа со многу проблеми, сепак, Америка беше еден од главните фаворити за златниот медал и одбрана на титулата. Сепак, Французите имаат поинаков план, исто како и Аргентинците вчера против Србија.

Токму Аргентина и Франција ќе играат меѓу себе во полуфиналето.

Фурние и Гобер беа најефикасни со 22 односно 21 поен, додека кај САД беше незадржлив Мичел кој постигна 29 поени.