Веќе е познато дека од сезоната 2021/22 ќе стартува и трет европски клупски турнир под капата на УЕФА и истиот веќе доби име – Лига на конференции, открива германскиот таблоид „Билд“ повикувајќи се на извори од Европската фудбалска централа.

Спорт информациите Лигата на конференциите ќе биде третиот европски клупски турнир после Лигата на шампионите и Лига Европа, а се очекува форматот да биде ист како тој за Лигата на шампионите – 32 екипи распределени во осум групи. А претходно 138 екипи ќе се борат во квалификациите за пополнување на групите.

Победниците на групите ќе се пласираат во осминафиналето, а второпласираните од тие групи ќе играат баражи со третопласираните од групите во Лига Европа за пласман во нокаут фазата.