Машката одбојкарска репрезентација го одработи првиот тренинг во Љубљана, градот на домаќинот на Европското првенство кое стартува утре.

Нашите момци веќе во „Стожице“, паѓаат последните договори пред мечот со Финска на стартот на историскиот настап на едно големо натпреварување.

Одбојкарите ќе имаа поддршка во Љубљана, дел од фановите веќе пристигнаа, дел полека се пакуваат да ги бодрат своите миленици.

СПОРТМЕДИА од утре ќе биде во Словенија од лице место ќе известува за сите случувања.