Англиските и белгиските медиуми пренесуваат дека познатиот фудбалски агент Кристоф Енрота и еден негов соработник се уапсени, а уште неколкумина се под истрага поради сомневање за перење на пари и корупција при трансфер на играчи.

Полицијата покрај акцијата води и истрага за два трансфери, едниот е на српскиот фудбалер Александар Митровиќ од Андерлехт во Њукасл, кој чинел, 18 милиони евра, додека вториот е за Јуриј Тилеманс во Монако за 23 милиони евра.

Двајцата играчи веќе имаат нови средини, Митровиќ го откупи Фулам, додека Тилеманс игра за Лестер, но најавите се дека истрагата ќе биде проширена.