Познат е составот од 14 одбојкари со кои првиот противник на Македонија, Финска, ќе истрча во групната фаза на Европското првенство, кое стартува утре, за нас во Љубљана.

Основата на тимот на селекторот Џоел Бенкс се одбојкари кои настапуваат во домашното првенство, како и четворица интернационалци, од кои главната ѕвезда во тимот, помалку необично е либерото Лаури Керминен, кое е европски првак со руски Кузбаш Кемерово.

Натпреварот меѓу Финска и Македонија е втор на програмата во групата Ц утре, закажан за 17:30 часот во арената „Стожице“ во Љубљана.