Кошаркарскиот свет ќе добие нов владател, доминацијата на САД во последните девет години (односно две Светски првенства по ред) ја прекина Франција. Американците за кои се очекуваше дека ќе останат без златен медал, но не и без пласман барем меѓу четирите најдобри репрезентација, сега ќе се борат за петото место во Кина.

Селекторот Грег Попович пред стартот до некаде беше свесен особено по оние бројни откажувања. Америка по подолго време дојде без ниту една звучна ѕвезда на големо натпреварување.

По елиминацијата од Франција, искусниот стратег беше „мртов ладен“.

„Секој пораз боли и оваа ситуација е тешка, но животот оди понатаму. Сакав да победиме, да победуваме.Но, сите имаме семејства и свои животи, па затоа животот не застанува тука. Горд сум на овие момци, на она што го направивме. Не е убаво што се збори за оние момци кои не се тука. Овие момци се важни, тие се тука“, изјави Попович.