Оваа Брегалница нема милост кон своите ривали, па дури и на пријателските средби до врв им ги полни мрежите.

Попладнево во Штип во пријателски меч, „сините“ со 7:0 ја победија Дрита од Боговиње, тим од Втората лига – Запад. Хет-трик постигна Настевски, а во листата се запишаа и Велинов, Мартин Стојанов, Пепи Георгиев.

Ова можеби е порака до Саса што ја чека во недела, имено „сините“ во рамките на 4.коло во Втората лига – Исток гостуваат во Македонска Каменица.