По завршувањето на септемвриските дуели од квалификациите за ЕП 2020 во среда и четврток имаме мал избор на натпревари за типувања. Денеска и утре се играат квалификациски натпревари од ФА Купот кои се идеални за типување на 3+ или ГГ, а истото го мислиме и за натпреварите од првата нокаут рунда во женската Лига на шампиони.

ФА КУП – Квалификации (реванши)

БИГЛСВЕЈД ТАУН – СТ.НЕОТС

Првиот меч заврши 2:2 исто како и нивниот лигашки дуел во март. На реваншот Биглсвејд е фаворит и би било изненадување ако не успее да се пласира во наредната фаза. Освен единица играјте и КМБ 1&ГГ.

ЛЕВЕС – ЛЕТЕРХЕД

И тука првиот меч заврши 2:2, а само седум дена пред тој натпревар Левес го совлада овој ривал на гости со 4:1. Поточно меѓусебните дуели изобилуваат со голови и тоа на двете страни, па покрај кецот одиграјте и ГГ и ГГ3+.

БРАЗИЛСКИ КУП

АТЛЕТИКО ПР – ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Атлетико го доби претходниот меѓусебен дуел на „Арена Баиксада“ со 1:0 во првенството, а всушност Интернационал нема победено на тој терен веќе четири натпревари по ред или поточно од септември 2014. Можеби 0-2 или ГГ се најдобар избор. Бирајте.

ЛШ – ЖЕНИ

ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА

Првиот дуел на овие ривали се игра на стадионот „Џузепе Мокагата“ во Алесандрија, а Барселона како актуелен вицепрвак на Европа ја има фаворитската улога. Јувентус има солиден состав но се уште не е зрел за нешто повеќе. Сепак, покрај двојката и би побарале 1+I&1+II.

БРЕДАБЛИК – СПАРТА ПРАГА

Двојка без дилеми. Спарта е многу посилен од исландскиот шампион и би требало да ја однесе победата со најмалку два дадени гола. Исланѓанките се способни да постигнат гол, па од тука има услови и за ГГ. Бирајте или комбинирајте.

ХИБЕРНИЈАН – СЛАВИЈА ПРАГА

И другиот прашки клуб е фаворит во дуелот со шкотскиот шампион. Хибернијан со три победи ја мина квалификациската група но таму ривалите му беа многу  послаби. Славија е далеку посилна и ќе се пласира понатаму. На првиот меч покрај двојката очекуваме и 3+ и ГГ3+.

КОСТАРИКА 1

АДР ЏИКАРАЛ – ГРЕЦИЈА

Џикарал е седми на табелата, а Греција е на 10 позиција. Греција се уште нема победа на гостински терен сезонава, а одигра пет натпревари, а Џикарал веќе запиша две победи, три ремија и еден пораз на домашен. Определете се за 0-2, а избегнете единица затоа што домашните не им оди постигнувањето на голови.

ЛИМОН – ЗЕЛЕДОН

Лимон е последен на табелата но не е толку лош колку што кажува позицијата на табелата. Зеледон е нешто подобар но не доволно за да се потпреме на двојка. Наш предлог е 1ппХ, како и 0-2 гола.

ДАНСКИ КУП

Ф.АМАГЕР – ЛИНГБИ

Ние го гледаме Лингби како патник во 1/16 финалето на данскиот Куп. Амагер е незгоден на домашен терен, го победи Лингби на домашен терен во мај со 4:3, но не веруваме дека тоа ќе го направи повторно. Играјте 2 или ПГ2.

ГЕРМАНИЈА – РЕГИОН

БАБЕЛСБЕРГ – НОРДХАУЗЕН

Чиста двојка. Нордхаузен е толку добар и амбициите му се високи што не би смеел да испушти бодови против Бабелсберг кој патем е наклонет на нерешени резултати ги има четири на последните пет средби.

ХРВАТСКА 2

ОСИЕК 2 – КУСТОШИЈА

Сите светски прогнози велат дека ова е единица, а и ние веруваме во тоа. Осиек има ефект 1-1-1 но Кустошија е очајна со три порази и гол разлика 2:9. Всушност Осиек ги доби претходните два дуели со овој ривал и тоа без да прими гол.

СЛОВЕНЕЧКИ КУП

НАФТА – КРШКО

Меч од осминафиналето на Купот на Словенија. Ова е нивен прв меѓусебен дуел после осум години па не можеме да се потпреме на традицијата. Нафта е мал фаворит, но подобро е да се игра ГГ отколку да се брка конечен тип.