Во центарот на вниманието во Франција беше пресметката меѓу ПСЖ, предводен од екс-селекторот и тренер на Вардар, Раул Гонзалез и Нант на Кирил Лазаров.

Победник излезе тимот од Париз, на домашен терен славеше со 32-29 за втора победа во низа во тамошниот шампионат, додека пак Нант го запиша првиот пораз.

Капитенот на македонската репрезентација немаше своја вечер, постигна четири гола, но од десет обиди.

Хансен со 9 погодоци беше прв стрелец кај домашниот тим, кој на полувремето имаше предност од 18-16. Сигурдсон пак запиша шест гола.

Нант заедно со Ним се единствените две екипи кои по второто коло немаат пораз.