Иван Јовановски Карас, кондицискиот тренер на нашата најдобра репрезентација во иднина ќе ги подготвува фудбалерите на Урал Екетаринбург, клуб од Руската премиер Лига.

Популарниот Карас досега беше член и на Академија Пандев, но ете направи трансфер во клубот во кој тренер е познатиот Дмитри Парфенов  а капитен е Павел Погребњак.

Тој важи за еден од најдобрите кондиициски тренери на овие простори, беше и во клубови во Бугарија, во Азербејџан, и се разбира дека овој трансер и за него е голем успех. Клуб од типот на Урал Екатеринбург не повикува секого, тренерот Парфенов не повикува секого да му бидеш дел од неговиот стручен штаб.