Одбојкарите ги одбројуваат последните часови пред стартот на Европското првенство. Денеска го одработија претпоследниот тренинг пред мечот со Финска (12 септември), според планот селекторот Матијашевиќ и неговите момци утре наутро во салата „Стожице“ ќе ги договорат последните детали.

По завршување на тренингот испратија едноствана порака: Со срце за Македонија.