Фински Кокс и Савехоф во рамките од групата Ц, се екипите кои ќе ја отворат новата сезона во Лигата на шампионите, во последното издание од актуелниот формат.

Двата тима, кои се противници на Еурофарм Работник ќе ја отворат новата деветмесечна „трка“ кон Келн и по пехарот, кој го има Вардар.

Овој меч, покрај тоа што ќе биде интересен за да ја видиме конкуренцијата на „фармацевтите“, носи и еден познат лик за нас, екс-играчот на Металург и македонски зет, Александар Гуглета, кој пак сега игра за Кокс.

Утре, пак, играат Кадетен Шафхаузен и Динамо Букурешт во групата Д, кои исто така ќе направат увертира пред главните возбудувања викендов од стартот на најсилното европско клупско натпреварување.