Попладнево одредени се судиите за сите натпревари од 5.коло во ПМФЛ. Од пет натпревари дури на четири ќе судат скопски судии. Дејан Јакимовски ќе го води дуелот под Шара меѓу Шкендија и Работнички.

Димитар Мечкаровски пак ќе ја дели правдата на Чаир, Александар Ставрев ќе биде „главен“ во Струмица каде што утре играат А. Пандев и Ренова, а Јосип Бартон ќе суди на мечот меѓу Македонија ЃП и Борец. Струмичанецот Марјан Гоцевски ќе биде главен судија на средбата Вардар – Струга Трим Лум.