Еден од најдобрите турски фудбалери ви последната деценија, Арда Туран е осуден на 2 години и 8 месеци затвор. Според информациите од Турција, се уште актуелниот фудбалер на Барселона кој е на позајмица во Истанбул Башакшекир е осуден поради пукање од огнено оружје (пиштол), незаконско поседување на оружје како и вооружен напад на друго лице. Казната е условна, но при следниот прекршок ќе стане активна.

Во исто време, Туран беше ослободен од обвинението за „сексуално вознемирување“.

Во октомври минатата година, Туран предизвика скандал во еден ноќен клуб во Истанбул. Фудбалерот започнал да малтретира една девојка која е сопруга на пејачот Беркаи Шахин. Поради ова, избило тепачка, по што Арда му го скршил носот на пејачот. Потоа, Туран ја посетил жртвата во болницата со пиштол.