Суперкупот меѓу македонскиот првак Вардар и освојувачот на Купот на Македонија, Металург, ќе добие нов термин. Поточно, поради ТВ преносот на натпреварот, наместо во 18 часот како што беше првично договорено, натпреварот ќе се одигра од 20:30 часот.
Локацијата останува иста, спортската сала во Куманово, како и датумот 18 септември (среда).