Во меѓународен пријателски натпревар, попладнево во Кавадарци, Тиквеш со 1:2 загуби од екипата на Ал Батаех од ОАЕ.

Стрелци на головите беа Ѓорѓиев за кавадарчани, а Алекс и Ахмед Јала за гостите од ОАЕ. Тоа беше убаво фудбалско попладне на Градскиот стадион во Кавадарци, убав пријателски меч во кој тренерот на домашните

Љупчо Димитковски им даде шанса на поголем дел од своите играчи. Резултатот беше во втор план, поважно за Димитковски беше да се одработи еден добар тренинг пред неделниот првенствен натпревар во Втората лига – Исток.